„Алкалоид“ склучи ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв, како и по натамош ното негово функционирање. Главна цел на обновениот центар е да се афирмира не само како место за дарување крв туку и како база за еду кација на потен цијалните крво дарители и заразменување меѓусебни идеи и искус тва во рамки на крводарителската дејност.
Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводари телството во македонски рамки беа пригодно одбележани со промовирање на ребрендира ниот дневен центар во просториите на домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.
Генералниот директор и претседател на „Алкалоид“, Живко Мукаетов,истакна дека му претставува особa на чест што компанијата што ја води е дел од хуманата мисијана Црвениот крст на Република Македонија. Мисијата на„Алкалоид“ е апсолутно комплементарна со таа на Црвениот крст, во делот на грижата и помагањето на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нашата компанија и во иднина ќепомага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хuмана дејност од секојдневното живеење велат од компанијата.
Од Црвениот крст истакнуваат дека покажаната и докажана поддршка од„Алкалоид“ претставува пример за тоа како треба да изгледа и да функционира една општествено-одговорна компанија во вистинска смисла на зборот.
[custom_frame_center][/custom_frame_center]
Извор: Нова Македонија
Датум на објавата: 18,03,2014