Македонија

/Македонија
18 04, 2012

Фирмите со Над 100 Вработени ќе Станат и Амбуланти

By | 2012-04-18T06:54:54+00:00 18/04/2012|Здравство, Македонија|

Фирмите со над 100 вработени имаат уште месец и половина за да го прилагодат своето работење на законот за здравствена заштита кој им налага во рамки на компанијата да отворат мини амбуланта. Во организацијата на работодавачи не слушнале за оваа обврска, но сметаат дека тоа ќе биде дополнителен товар за фирмите. Министерството за здравство почна да ги известува фирмите со 100 и повеќе вработени дека треба да организираат здравствени пунктови и да набават дефибрилатори до 1 јуни. Според новиот за [...]

17 04, 2012

Нови Договори за Винаријата Сковин со Јапонија

By | 2012-04-17T06:46:50+00:00 17/04/2012|Македонија|

Винаријата Сковин соопшти дека постигнала нови договори со клиенти од Јапонија, со што ќе се зголеми извозот на македонско вино во оваа земја. Сковин е единствената винарија од Македонија што продава вино на овој далекуисточен пазар. За нови 800 илјади литри ќе се зголеми во Јапонија. Винаријата Сковин единствената која од Македонија извезува вино во оваа источна земја склучи договор за извоз на наливно вино со третата по ред најголема јапонска винарија Манс. Добриот квалитет на виното и совреме [...]

10 04, 2012

Конзерваторите по празниците ќе ги анализираат фреските во св. Димитрија

By | 2012-04-10T14:42:22+00:00 10/04/2012|Култура, Македонија|

Продолжува интересот на верниците, кои речиси од цела Македонија доаѓаа воСкопје за да ги видат промените на фреските во Црквата Св.Димитрија. Уште од рано изутринава црквата беше преполна со народ. Некои од верниците и повеќе од половина час чекаат во редици за да влезат во Храмот на Македонската православна црква. Утровo свештеници држеа литургија. Екипите на козерваторскиот центар, кои ќе треба дa вршат испитување на фреските, биле утринава, но најверојатно анализите ќе се прават по велгиденс [...]

6 04, 2012

Избор на Десетте Најуспешни Македонски Менаџерки

By | 2012-04-06T04:46:20+00:00 06/04/2012|Македонија|

Во четвртокот во 20 часот во скопскиот хотел „Арка" ќе се одржи манифестацијата „Избор на 10 најуспешни жени менаџери на Р.Македонија", којашто годинава во организација на агенцијата „Марили" се приредува по 16 -ти пат. Изборот го правиме според воспоставени критериуми, избираме од успешни компании од целата република од различни области и дејности, ја почитуваме личната согласност за учество во овој избор, и вклучуваме наши успешни бизнисменки коишто работат во дијаспората. Манифестацијата ќе с [...]

6 04, 2012

Живееме Четири Години Пократко од Европејците

By | 2012-04-06T04:26:41+00:00 06/04/2012|Здравство, Македонија|

Населението во Македонија живее четири години пократко од Европејците. Додека просечниот животен век во земјите на Европска унија е 79,6 години, овде жените живеат во просек 76,3 години, а мажите уште помалку, и тоа 72,3 години. Покрај кардиоваскуларните болести, глувоста и слепилото се повеќе ги напаѓаат старите лица. Освен што пократко живеат, лицата над 65 години се почесто се и жртви на насилство. Секој трет старец во земјава е жртва на насилство. Брачниот партнер е најчестиот насилник и маж [...]

5 04, 2012

Рецепт за Успех на Мукаетов: Треба да се Бориш, а не да се Жалиш

By | 2012-04-05T03:04:35+00:00 05/04/2012|Економија, Здравство, Македонија|

Економистите велат дека компаниите што ке ги преживеат овие кризни времиња, кои почнаа во 2008 и 2009, а по мало опоравување повторно се појави нова нестабилност овој пат на европскиот пазар, ќе излезат посилни. Првиот човек на најмоќната компанија во земјава, „Алкалоид", Живко Мукаетов, признава дека и годинава ќе биде тешка, поради непредвидливоста на случувањата во Европа, но затоа вели„ не треба да се жалиме, туку да се бориме". Ќе биде тешко годинава, но секој од нас мора да најде начин как [...]

4 04, 2012

Јајцата за Велигден Малку “Заразени”

By | 2012-04-04T04:44:21+00:00 04/04/2012|Македонија|

Јајца со салмонела се продават по пазарите. Неофицијално 5 помали фарми кои имаат проблем со бактеријата пуштаат јајца во промет. Според информациите до кои дојде Сител две од фармите се во скопско и јајцата ги продаваат на зелените пазари. Кај поголемите капацитети пак засега не бил регитриран овој проблем. Од агенцијата за храна и ветеринарство немаат официјален став, но инфомацијата не ја негираат. Каква е безбедноста на јајцата произведени во домашните капацитети што граѓаните ќе ги купуваат [...]

3 04, 2012

Трошоците на Живот, Односно Инфлацијата, се се Пониски

By | 2012-04-03T02:29:52+00:00 03/04/2012|Авиосообраќај, Банки, Економија, Земјоделство, Македонија, Млеко, Нафтени деривати|

Трошоците на живот, односно инфлацијата, се се пониски. Во март таа изнесуваше 1,4%, најмногу поскапи патувањето со воз за 50,9%. Бензините и другите нафтени деривати бележат пораст од 5,1%. Инфлацијата во трите месеци оваа година станува се пониска и пониска. Мартовската е речиси двојно помала од февруарската. Од 2,9 се спушти на 1,4%. Во јануари изнесуваше најмногу 3,4%. Ваквите вредности засега се разликуваат од проекциите на Народна Банка според која инфлаторните движења ќе изнесуваат 2%. Вл [...]

27 03, 2012

Наместо да се Намалува, Невработеноста Расте

By | 2012-03-27T09:54:19+00:00 27/03/2012|Автомобили, Македонија, Образование|

Статистиката, велат, понекогаш е многу сурова. И покрај силните најави за нови инвестиции, многуте роуд-шоуа на кои оди Владата, од кои се враќа со многу оптимизам дека ќе дојдат странски компании да инвестираат и ќе отворат нови работни места, невработеноста наместо да се намалува, таа расте. А само пред неколку дена премиерот Никола Груевски броеше колку нови работни места ќе отворат инвеститорите што ќе дојдат. Според неговата математика, новите инвеститори се очекува да вработат 4.000 луѓе. [...]

20 03, 2012

Лажни награди од Кока Кола

By | 2012-03-20T04:04:37+00:00 20/03/2012|Македонија|

Скопска пивара, која што е производител на познатиот светски бренд кока-кола, ги предупредува граѓаните дека одредени лица ги залажуваат граѓаните со наградна игра која воопшто не се спроведува во компанијата. -Нашата компанија е известена за неколку видови на СМС-пораки, електронска пошта и писма кои им се праќаат на граѓаните, а во кои невистинито се тврди дека примателот освоил награда во наградна игра од компанијата - велат од Пивара. Писмата се пишувани како да изгледаат формално и како да [...]