Google ќе дава приоритет на сајтовите со поголема заштита

//Google ќе дава приоритет на сајтовите со поголема заштита

Google ќе дава приоритет на сајтовите со поголема заштита

Интернет гигантот Google објави дека ќе дава поголем приоритет на сајтовите со поголема заштита и тие ќе излегуваат по-напред во пребарувачите.

Компанијата веќе го тестирала методот преку кој дава повисок ранг во пребарувачите на сајтовите кои содржат механизми за обезбедување на поголема заштита на потрошувачите.

Идејата на Google е да се охрабрат повеќе сајтови за да воведат мерки за безбедност, кои ќе ги направи помалку ранливи од хакерски напади.

Експертите се на мислење дека во интерес на секоја компанија која има онлајн присуство, е да енкриптира сајт. До овој момент овој критериум не е клучен при прикажувањето на резултатите од пребарувањето во Google и не влијае толку многу, колку висококвалитетните содржини.

Од софтверскиот гигант забележуваат дека може да одлучат да се обложуваат на безбедна конекција како главен критериум.

[custom_frame_center]Google ќе дава приоритет на сајтовите со поголема заштита[/custom_frame_center]

Извор: www.biznisvesti.mk

Датум на објава: 01.09.2014

By | 2014-09-01T15:12:50+00:00 01/09/2014|Информатичка технологија|