Google влегува во сателитската индустрија

/, Телекомуникации/Google влегува во сателитската индустрија

Google влегува во сателитската индустрија

Интернет гигантот Google е на пат да склучи нов мултимилијарден договор, овој пат насочен кон платформа за сателитски слики.

Станува збор за стекнување на Skybox Imaging, а договорот ќе биде за 1 милијарда долари. Skybox Imaging се експерти во фотографии со висока резолуција од сателитите. Компанијата нуди слики, кои помагаат исклучиво на различен тип на бизнис. Таков пример е густината на паркирање во некој регион.

Според TechCrunch двете компании се уште се во рана фаза на преговори. Факт е дека, сепак, и Google, и Facebook веќе се цел во оваа област.

Google веќе ги купи Titan Aerospace во април, а идејата е да се прошири пристапот на интернет до новите региони со помош на Google Maps.

[custom_frame_center]Google влегува во сателитската индустрија[/custom_frame_center]

Извор: www.biznisvesti.mk

Датум на објава: 26.05.2014