Ние сме компанија која веќе 5 години во Македонија врши услуги за мониторинг на медиумските објави  и анализа на медиумскиот публицитет.


Нашата визија е да станеме водечка агенција за следење и анализа на медиумите, не само во регионот, туку и на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа.


Нашата мисија е, со помош на систематско следење на барањата на нашите корисници и одличниот тим од вработените, да успееме да ги задоволиме сите потреби на корисниците за брз и ефикасен пристап до информациите. Нашата желба е да овозможиме што е можно подобар преглед на најважните информации од сите земји во регионот и пошироко и со тоа да бидеме вистинска поддршка на клиентите при носењето на нивните деловни одлуки.


Нашиот тим е подготвен за Вас и заедно сме во постојан „допир со информациите".


Веќе 5 години сме Ваш верен и сигурен партнер во следењето и анализите на медиумите!


Им благодариме за довербата на сите наши клиенти, посебно на оние кои се „со нас веќе 5 години", од самите наши почетоци и секако на сите останати. Сите вие кои не сте, а би сакале да станете наши клиенти, обратете ни се со целосна доверба.


Ваш PressClipping!


Бесплатен clipping

Можете да побарате пробен clipping за Вашите потреби и вашите клучни зборови и ќе добиете седумдневен бесплатен clipping.

Адреми

* ADREMA - Германски - Adre/ssiser/ma/chine/ апарат за повторување на наслови Адрема на медиумите е листа на контакти со кои сакате постојано да комуницирте. Можете да нарачате адрема за пооделна тематика (автомобилизам, мода, економија, култура, спорт,.....) Адремите кои Ви нудиме, Ви овозможуваат клучни контакти во процесот на комуницирање со медиумите. Ги изработуваме по Ваше барање на e-mail: anita.stavreski@pressclipping.com.mk или на 02 30 94 025

Анализи

Основното прашање не е дали треба да се мерат, туку според кој метод да се мерат, и на крајот кој е корисник на добиените податоци. Анализата е важна повратна информација која може да поттикне конкретна акција или да ве одврати од акција. Press Clipping со текот на времето разви свои начини за анализирање на ефектите од комуникациите. Тие одговараат на клучните прашања поврзани со управувањето со идентитетот и препознатливоста на нашите клиенти во јавноста.

Регион

Доколку имате потреба од дополнителни информации за Вашите клучни зборови од регионот, во можност сме да ги следиме сите нови информации од регионот кој го покриваме. Времето и форматот на доставата на информациите се во зависност од Вашите потреби.