Македонци заработуваат по 25 долари дневно гледајќи реклами пред компјутер

//Македонци заработуваат по 25 долари дневно гледајќи реклами пред компјутер

Македонци заработуваат по 25 долари дневно гледајќи реклами пред компјутер

Македонци заработуваат гледајќи реклами пред компјутер. „Бухбери“, „Необух“, „Југетпрофит“, „Инадсбух“- низата имиња што на прва можеби изгледаат чудно, но с` поголем број граѓани  сигурно веднаш препознаваат за што станува збор. Сите овие се интернет-страници преку кои може да се заработи со седење пред компјутер и едноставно кликање и гледање (најчесто реклами). Појавата што во светот стана масовна пред повеќе години, и кај нас се практикува од поодамна. Но сега, сведочат линковите на социјалните мрежи, овој тип работа станува се попопуларна.

Без влог на пари Работата е легална иако некои од регистрираните никогаш не добиле ништо. Дел од тие што долго ја практикуваат тврдат дека дневно може да се заработи и по 25 долари. Регистрацијата на новинар на „Дневник“ уште е нова и засега без исплати, но сведоштва на многумина се дека заработуваат без да вложат нешто и без да сработат што било.  – Целта е да почнете да изнајмувате „реферали“ и да предложувате нови членови да се приклучат на страницата. Изнајмените и нововклучените реферали кликаат реклами за кои освен самите тие и вие добивате некој бонус за тоа. На почетокот е навистина многу бавно, но како поминува времето, бројката на ваши реферали ќе почне да се зголемува експоненционално, а со тоа и вашата заработка од веб-страницата. Јас сум со околу 750 реферали (4-5 месеци сум активна) и дневно заработувам бруто 7 до 9 долари. Но ова не е лимитот, кога ќе дојдете до повеќе од 2.000 реферали вашата дневна бруто-заработка би била и до 25 долари – вели скопјанка, која заработувала на „Пробух“….

[custom_frame_center][/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на објава: 24,03,2015

By | 2015-03-24T15:32:38+00:00 24/03/2015|Маркетинг|