Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот

//Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот

Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот

Македонски Телеком и Т-Мобиле во првата половина од оваа година останаа со водечка позиција на пазарот со удел од 65,4 во фиксната и 46,4 проценти во мобилната телефонија.

Како што информираат од компанијата, продолжил трендот на пораст на приходите во интернет и ИПТВ сегментот, а има пад во говорните услуги.

Приходите од продажба на ниво на Групација во првото полугодие од 2014 година изнесуваат 5.345 милиони денари што е намалување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Оперативните расходи, се намалени за 10,8 отсто во споредба со овој период во 2013 година, додека вкупните капитални инвестиции изнесуваат 350 милиони денари. Нето добивката пред оданочување е намалена за 35 отсто во споредба со овој период од минатата година.

Наспроти падот на приходите од говорните услуги за 11,3 отсто, приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (ИПТВ) се зголемени за 3,2 отсто во споредба со истиот период од минатата година, наведуваат од компанијата.

[custom_frame_center]Македонски Телеком и Т-Мобиле остануваат лидери на пазарот[/custom_frame_center]

Извор: www.press24.mk
Датум на објава: 07.08.2014

By | 2014-08-07T14:31:38+00:00 07/08/2014|Економија|