Неделна Берзанска Анализа 01.06.2012

//Неделна Берзанска Анализа 01.06.2012

Неделна Берзанска Анализа 01.06.2012

Македонската берза одолеа на негативните трендови на светските пазари на капитал. Кои акции беа најтргувани и остварија најголем раст во редовната неделна анализа на Алфа.

Пазарите на капитал се уште се под негативно влијание на евродолжничката криза. Но, за разлика од досегашниот страв главно од Грција, сега и Шпанија влезе во фокус на инвеститорите како дополнителен ризик за стабилноста на европската монетарна унија. Состојбата на пазарите на капитал потсетува на турбуленциите што ги предизвикаа периферните членки на монетарната унија кон крајот на минатата година. Единствена разлика е што овој пат пазарите за нијанса се посмирени и реагираат поумерено.

За разлика од нив, македонската берза покажува одредена доза на стабилност па дури и благ раст. Големо влијание врз инвеститорите имаше објавата за продажба на 16,44% од акциите на Топлификација преку јавна аукција по цена од 3.079 денари по принципот – се или ништо. Цената на овие акции веднаш порасна поради шпекулациите дека за понудениот пакет постои заинтересиран купувач што го отвори прашањето и за евентуално преземање на компанијата. Останува да видиме дали има вистина во овие шпекулации, или пак е само посакувано сценарио на македонските инвеститори, кои немаа многу можности за заработка изменатиот период. Еве на кое ниво се цените во моментов:

МБИ 10 заврши на 1 968 индексни поени што е раст за 1,6%. Вкупниот промет достигна 55 милиони денари без блок трансакциите и јавните понуди, што е за 17% помалку од минатата недела.

Акциите на Алкалоид беа најтргувани со промет од 14 ипол милиони денари.

А најмногу пораснаа акциите на Топлификација за 34%.

Акциите на Фершпет паднаа за 2%.

Ваквите движења се сигнал дека дното на вредноста на македонските компании веќе е достигнато.

Дали ќе продолжи позитивниот тренд ќе сумираме и идниот петок во новата берзанска анализа на АЛФА и КБ Публикум Инвест.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Zj9_0OqPGvU

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 01.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Христијан Стојчевски

By | 2012-06-02T06:31:51+00:00 02/06/2012|Берза|