Сите трикови на најдобриот Growth Hacking инструктор од Европа – Brainster работилница

//Сите трикови на најдобриот Growth Hacking инструктор од Европа – Brainster работилница

Сите трикови на најдобриот Growth Hacking инструктор од Европа – Brainster работилница

Сакате да дознаете што е growth hacking? Дали е алтернатива за маркетинг? Дали е само за оптимизација на девизен курс? Што е со API-јата? Дали е легален? Дали е само за кодери? Дали е техника или состојба на умот?

Како ексклузивен инструктор од странство за Brainster кој е еден од најбрзо растечките Македонски стартапи, го имаме Howard Kingston еден од најдобрите growth hacker-и од Европа , кој со неговото долгогодишно искуство ќе ви пренесе реални и практични техники преку “Вовед во Growth Hacking Работилница”.

Оваа работилница e наменетa за луѓе кои ја разбираат важноста на податоците, но не знаат од каде да почнат или се заглавени во напливот на информации за корисници. Howard Kingston ќе го сподели своето искуство и маркетинг техники кои тој ги користи, а во Скопје го имаме во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од SwissContact . Работилницата ќе се оддржи на 12ти Јануари (четврток) од 18-20ч. во просториите на Brainster.

Хауард е ко-основач и маркетинг директор на Adludio, VC поддржана adtech компанија која е на мисија да го трансформира рекламирањето. Како маркетинг директор на еден Англиски стартап, тој помогнал да се зголеми базата на корисници на 6 милиони за помалку од една година. Активен член на стартап сцената во Велика Британија, Хауард е препознаен во Лондонскиот “Silicon 60” од страна на Evening Standard и Tech City Insider TCi100. Тој редовно пишува за својот блог: www.startupremarkable.com и Хафингтон пост. Преку Adludio, како негови клиенти се брендови на Fortune 500 како што се Unilever, P&G, Sky, Nestle, RedBull, Paypal, BBC и многу други. Adludio беше прогласен за ‘Hot Company of the Year “на Фестивалот на глобални медиуми и Фестивал на медиуми за Азија-Пацифик, наградени и за”Најдобро корисничко искуство” преку МОМА и Lions Eurobest наградата за иновации.

На оваа работилница, учесниците ќе научат за:

  • Growth hacking и неговото потекло;
  • Голем број на совети и growth hacking трикови применливи за вашиот бизнис;
  • Know-How за креирање и применување на growth hacking циклус;
  • Кои алатки кога да се користат;
  • Како да се планира и да се изврши брзо тестирање за да се донесат валидирани одлуки.

Сите средства собрани од посетителите на овој курс, ќе бидат наменети за развој на асоцијацијата Startup Macedonia.

На оваа работилница ќе се истражува зошто growth hacking стана еден од најголемите buzz термини и како голем број на успешни стартапи ги користат овие техники за раст и невиден степен на успех.

Ќе се направи осврт на growth hacking, совети и трикови за паметно користење на податоците, технологијата и науката во однесувањето на корисниците преку стекнување, конверзија, задржување, застапување и производ.

Оваа сесија ќе ве научи како да создадете структурирана рамка која се фокусира на овие техники кои ќе направат голема разлика при управување и маркетирање на вашиот бизнис.

Доколку сте маркетинг ентузијаст, дел од маркетинг тимот на стартап или сте фриленс маркетер оваа работилница е за вас! Местата се ограничени, пријавувањето завршува на 11ти Јануари (среда).

Бидете едни од ретките кои ќе ја имаат оваа уникатна можност да се запознаат и да научат од  човекот кој е признаен за најдобар growth hacker. Погледнете ги сите детали и што се вклучува оваа работилница и пријавете се преку Brainster уште денес!

howard-kingston01

09.01.2017

By | 2017-05-17T12:35:38+00:00 09/01/2017|Маркетинг|