Скопскиот аеродром „Александар Велики“ четврти набрзорастечки во Европа

/, Економија/Скопскиот аеродром „Александар Велики“ четврти набрзорастечки во Европа

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ четврти набрзорастечки во Европа

Во првото полугодие низ аеродромот во Скопје поминале 560 илјади патници што е раст од 18,5 проценти…

Европското аеродромско трговско тело го класифицира Скопскиот аеродром „Александар велики“ на четвртото место на најбрзорастечки аеродроми на „стариот“ континент во категоријата под 5 милиони патници годишно.

Во првото полугодие низ аеродромот во Скопје поминале 560 илјади патници што е раст од 18,5 проценти. Само во јули бројката на патници изнесува 132 илјади што е раст од 17,6 насто во однос на истиот месец лани.

Според АЦИ- Европа, во првото полугодие од годинава,најбрзорастечки аеродром во оваа категорија е Молдавскиот аеродром во Кишињев со раст на бројот на патници од 32 проценти. По него следува белградскиот аеродром „Никола тесла“ со раст од 33 проценти, па Атинскиот аеродром.

[custom_frame_center]Скопскиот аеродром „Александар Велики“ четврти набрзорастечки во Европа[/custom_frame_center]

Извор: www.mrt.com.mk

Датум на објава: 12.08.2014

By | 2014-08-12T13:42:56+00:00 12/08/2014|Авиосообраќај, Економија|