Superbrands: И Производите Имаат Душа

//Superbrands: И Производите Имаат Душа

Superbrands: И Производите Имаат Душа

Пред 18 години, новинарите од економската редакција на радиостаницата „Би-Би-Си Лондон” ја направија првата листа на компании и производи што се издвојуваат по својот квалитет, сигурност, различност, но и емоционална привлечност.

Така почна приказната на Супербренд. Изборот на вакви фирми и производи стана интернациоиален, ги премина границите и се прошири на сите континенти.

Во Македонија, изборот на компании што ќе се закитат со знакот на супербренд за првпат се случи во 2009 година. Годинава, по вторпат се гласаше за супербренд. Со оваа награда се закитија 43 компании.

Супербренд функционира во 92 земји. Кога една фирма и производ ќе се закитат со препознатливиот знак на супербренд, тие добиваат поинаква можност да се борат, како на домашниот пазар, така и при освојувањето нови пазари, а и на пазарите на кои би успеале да остварат извоз. Купувачите полесно се решаваат да купат производ на кој има препознатлив знак, каков што е знакот на супербренд вели Зоран Саздовски, одговорен во „Супербренд Македонија”.

Тој објаснува дека по изборот на компании што го заслужуваат знакот на супербренд, се прави книга за нивно преставување. Оваа книга тие можат да ја користат за свои маркетиншки потреби, но и „Супербренд Македонија” ја доставува до сите амбасади, конзуларни и други претставништва, вкупно 156, кои ги има Македонија низ светот.

Во овие претставништва доаѓаат многу луѓе. Така, ја правиме достапна промоцијата, а тоа може да повлече за интересираност за некој производ или за некоја компанија од страна на потенцијалните увозници или инвеститори  вели Саздовски.

Во Македонија, изборот на супербрендови засега се врши на секои две години. Следниот избор ќе се соопшти во 2014 година.

Како се избира Супербренд?

Според некои проценки, во Македонија има околу 15.000 имиња на фирми и производи. Од маркетиншките агенции се бара список на 800 до 1.000 имиња, за кои тие сметаат дека се потенцијални кандидати за супербренд.

Во принцип, идејата за супербренд не е да се прогласи производ од кој се остварил најголем приход, туку тој што е препознатлив, што има емоционална вредност, квалитет, различност и сигурност  вели Саздовски.

Комисијата која од понудените имиња ги издвојува супербрендовите е составена од луѓе што се во контакти со домашни или со странски супербрендови или пак, се нивни сопственици. Втората група што учествува во жири-комисијата се управувачи на светски брендови, на пример менаџер на Кока-кола. Потоа, во изборот учествуваат маркетиншки агенции и луѓе од медиумите. Гласањето е електронско, а брендовите се оценуваат од 1 до 10.

Покрај стручното жири, во гласањето учеавуваат и потрошувачите кои ја имаат таа можност на официјалната страница на супербренд.

Иако процесот на гласање се однесува на номинираните брендови финалисти, членовите на стручниот совет и потрошувачите дополнително можат да номинираат кој било бренд за кој мислат дека ги задоволува супербренд стандардите, а кој не е на попис на финалистите.

[custom_frame_center]Superbrands: И Производите Имаат Душа[/custom_frame_center]

Превземено: Фокус Дневен Додаток

Датум на објавата: 02.06.2012

Автор: Весна Дамчевска

By | 2012-06-02T07:30:17+00:00 02/06/2012|Македонија|