„Т-мобиле“ со најповолна понуда за „паметни“ билети во јавниот превоз

//„Т-мобиле“ со најповолна понуда за „паметни“ билети во јавниот превоз

„Т-мобиле“ со најповолна понуда за „паметни“ билети во јавниот превоз

По четири неуспешни обиди на Јавното сообраќајно претпријатие да се воспостави систем на електронска наплта на билети и автоматска локација на автобусите, на последната електронска аукција што се одржала во петокот, компанијата  „Т-мобиле“  во конкуренција со фирмата „Виста“, дала најповолна понуда. Откако ќе помине законскиот рок за поднесување жалби, ќе може и официјално да се објави за која сума избраната компанија ќе го реализира овој проект кој е во функција на модернизација на јавниот превоз.

Причината за неуспехот на досегашните огласи, според  надлежните е во тоа што системот е сложен и потребно е време технички да се дизајнира тендерот. Исто така, и поради неповолните понуди кои досега фирмите ги давале.

Со автоматската локација, патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот што го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време. Избраната фирма ќе има задача да постави 40 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусите. Во сите автобуси ќе треба да постави ГПС-уреди за сателитско следење на возилата и да опреми диспечерски центар за нивно следење, кој ќе биде сместен во рамките на Студентскиот дом „Kузман Јосифовски-Питу“.Избраната компанија ќе треба да постави вкупно 500 валидатори за електронски билети,

Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата. Граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд-картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето.

[custom_frame_center]„Т-мобиле“ со најповолна понуда за „паметни“ билети во јавниот превоз[/custom_frame_center]

Извор: www.netpress.com.mk

Датум на објава: 31.07.2014

By | 2014-07-31T14:32:10+00:00 31/07/2014|Економија|