Home page
Posjetite prezentaciju Media Inteligennce Group-a



  - Што се клипинг услуги?
  - Анализа
  - Архив
  - Адреми
  - Интернет e-clip
  - АлармКлип
......................................................

 

 

 
 

 


Print This Page
 

“За да бидете спремни во било кое време”

За сите оние кои ги пратат медиумите и кои секојдневно мораат да се соочат со голем број на информации од многубројни извори, креиравме нова верзија на Интернет e-clipp. Услугата е наменета се со цел да информациите бидат испратени во електронски облик кој овозможува брз и едноставен пристап преку Интернет базата на објави и архивот.
Покрај основните функции како што се прегледување на објавите со слика и текст, пребарувањето по архивот...,исто така овозможува и:

Статистика, која овозможува добивање на информации според сите впишани критериуми, вкрстување на два или повеќе параметри одеднаш.

Пребарување/сортирање на објавите го олеснува пребарувањето на саканата објава, сортира според тема, медиум, автор, датум, дескриптор.

Дескриптор, кој овозможува дополнителен опис на секоја поединачна објава низ три описни полиња.

Интернет e-clip истотака нуди информации од печатените и електронските медиуми и интернет сајтови. Корисниците на информациите можат да ги имаат информациите на нивниот екран, да ги испечатат или да ги препратат на нивните колеги …

Што е Интернет е – clip?

Интернет или електронски клипинг е услуга што ја нудиме од 2003 година. Секоја година
се трудиме да исполниме некоја од желбите на нашите корисници, а тие се запишани на
листата на желби интернет e-clip.

Доколку ви е потребен опсежен и точен преглед на случувањата објавени во печатените
или електронските медиуми, тогаш интернет e-clip е вистинското решение. Информациите
ќе ви ги испратиме по e-mail во облик на извешај со прилог од медиумот, или може да ги
погледнете самите преку интернет.

Како работи Интернет e-clip?

Интернет e-clip се темели на опсежна база на податоци, кои во нашата фирма ги користиме
од 2003 година. Така, на едно место имаме бројни информации од многу печатени и
електронски медиуми.

Интернет e-clip упатство во пет чекори. (Word format 748 KB)

Кои се предностите од користење на Интернет e-clip?

Предностите се многубројни. Доколку сте го погледале примерот од извештајот и
упатството, дозволете да ви ги претставиме главните предности на оваа услуга:

  • Базата постојано се полни со активни објави ;
  • Објавите кои вас ве интересираат може да ги погледнете преку интернет, или ние
    можеме да ви ги пратиме по e-mail;
  • Сите испратени објави се архивирани и преку интернет достапни се 24 часа;
  • Пребарувачот ви овозможува брзо и прецизно пребарување на архивираните
    објави;
  • Дескрипторите ви овозможуваат дополнителен опис на одредени објави со помош
    на три описни полиња, што допринесува за 3 пати подобри резултати при
    пребарувањето и статистика.

e-clip = извештај + прилог

Објавите во извештајот се подредени хронолошки. Табелите нудат опсежен преглед на
клучните податоци за објавата: датум на објавување, име на медиумот, автор ...

Исто така е вклучена и кратка содржина на објавата. Извештајот содржи и прилог од
електронските медиуми (магнетограм) и/или од печатените медиуми.
Пример e-clip (Word 32 KB)

Секоја објава има свој линк во прилог (слика и текст). Доколку извештајот го гледате на
вашиот компјутер тогаш со едноставено кликање на насловот се префрлате на
прилогот. На овој начин нема потреба да ја барате содржината при прегледување на
опсежните документи.

 





Design & code by RGB Group